Славчо најавува стабилно, суво и сончево време

image

You must need to login..!

Опис

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала локална облачност. До сабота температурите на воздухот ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.

Во сабота ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека од недела температурите ќе бележат тенденција на опаѓање за 6 до 7 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала облачност. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 20 степени. Од недела истите ќе бележат тенденција на пад и максималната дневна температура ќе се искачува до околу 13 степени кога ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × one =