Славчо најавува стабилно, сончево и топло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес, како и за време на продолжениот празничен викенд времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и МНОГУ ТОПЛО за овој период од годината. Повремено и локално ќе има нешто позначителна облачност, додека само во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има услови за слаб локален дожд. Повремено ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во најтоплите предели истите има услови да се искачат и над 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО повремено со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 30 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + five =