🎥 📞 Славчо најавува стабилно и се потопло време

image

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална, кон крајот на денов и со умерена облачност. Особено долж повардарието ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло, кон крајот на денот со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Потоа во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време, односно сончево, повремено со умерена локална облачност. Локално на моменти ќе има и повеќе облачност но врнежи не се очекуваат. Температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и за време на викендот, и тоа особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

На почетокот од следната недела во најтоплите предели од државава температурите на воздухот се очекува да се искачат до околу 30 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + fifteen =