Славчо најавува стабилизација на времето и повисоки температури од средината на неделава

image

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов, времето во државава ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во западната половина на државава. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален, краткотраен и слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Потоа утре и во среда ќе се задржи променливо време со сончеви пеориоди кој ќе бидат подолги претпладне, во попладневните часови ќе има локален дожд, особено во западната половина од државава. Потоа од четврток атмосферата ќе биде постабилна, иако не се исклучува можноста за сосема ретка појава на краткотраен дожд.

Температурите на воздухот, исто така од средината на оваа недела ќе бидат во пораст, што значи времето полека ќе затоплува а температурите ќе се враќаат во оние нормалните за овој период од годината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − two =