Славчо најавува сончево, но студено време со мала облачност

image

You must need to login..!

Опис

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 5 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено со мала облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 1 степен.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Утре доцна попладне и навечер на планинските места ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег.Ќе дува слаб до умерен, а во четврток Долж Повардарието и на исток повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури и понатаму ќе бидат доста ниски и понекаде ќе се спуштаат под -10 степени, додека максималните ќе бидат во пораст, особено од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × two =