Славчо најавува сончево, но свежо време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и СВЕЖО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж повардарието и во источните предели засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа и во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, минималните и тоа особено утре наутро на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека максималните во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пораст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

11 + 7 =