Славчо најавува сончево, но многу студено време – мало затоплување од четврток

image

You must need to login..!

Опис

Времето денеска во државава ќе биде сончево и многу студено со умерена облачност. Особено на планинските места ќе има услови за сосема слабо провејување на снег а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -7 до 2 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, максималната температура ќе се искачи до околу 0 степени.

Потоа во следните неколку денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро ќе биде особено студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -18 до -9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени. Затоплување на времето се очекува од четврток кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − 7 =