Славчо најавува сончево и топло време со температури до 35 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за сосема ретка појава на нестабилност проследена со краткотраен дожд и грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до околу 32 степени.

Потоа во следните денови особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека мал пад на истите ќе има од петок кога ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + seventeen =