Славчо најавува сончево и топло време – од утре дожд и засилен ветер

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа од утре попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и локална појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Поинтензивни врнежи и поголема нестабилност на повеќе места се очекува за време на викендот. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, додека пад на истите се очекува за време на викендот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + twelve =