Славчо најавува сончево и топло време, од утре повремени врнежи од дожд

image

You must need to login..!

Опис

Времето денес во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот и во вечерните часови во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа утре и во сабота ќе имаме претежно облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Во најтоплите предели истите има услови да се искачат и до околу 18 степени. Стабилизирање на времето и пораст на температурите на воздухот се очекува од недела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − eleven =