Славчо најавува сончево и топло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а температурите ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и максималните дневни температури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени. Сепак во попладневните часови повремено ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а исто така во следните денови ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

УВ – ИНДЕКСОТ во следниот период ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twelve − two =