Славчо најавува сончево и топло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи сончево и СЕ ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност, додека во попладневните часови локално, и тоа особено во планинските предели ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, а од средината на оваа недела во најтоплите предели истите ќе се искачат и малку над 30 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 − 1 =