Славчо најавува сончево и топло време – температурите до 24 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура денеска во Скопје ќе се искачи до околу 22 степени.

Потоа во сабота облачноста полека ќе се зголемува и ќе има појава на локален дожд. Поголемо заладување на времето и повеќе врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник кога на планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец а температурите ќе опаднат дури за повеќе од десет степени во споредба со оние кои ги имаме сега.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × two =