Славчо најавува сончево и топло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 20 степени.

Потоа за време на викендот ќе се задржи пролетното топло време, односно времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Повеќе облачност ќе има во почетокот од следната недела, кога ќе има појава на повремен локален дожд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nine − 1 =