Славчо најавува сончево и топло време со мала облачност

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

Во текот на денот облачноста ќе се зголемува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува, додека максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, викендов ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, и тоа особено во недела кога и температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и од недела ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, додека во почетокот од следната недела наутро истите понекаде ќе се спуштаат и до околу -3 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − 13 =