Славчо најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Потоа за време на викендот, како и во понеделник ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, што значи дека истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

Нова промена на времето ќе имаме од вторник, кога ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на значително опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 1 =