Славчо најавува сончево и студено време со слаб ветер од променлив правец

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено. Максималната температура ќе се искачи до околу 2 степени.

Потоа утре ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Наутро ќе биде сеуште студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.

Повеќе облачност ќе има за време на викендот, кога поради јужното воздушно струење и температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени. Од недела па натаму ќе има појава и на повремени локални врнежи од дожд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + two =