Славчо најавува сончево и студено време со умерена локална облачност

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и СТУДЕНО со умерена локална облачност. Особено долж повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и СТУДЕНО со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.

Потоа утре и во петок во текот на денот времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност, додека во петок навечер, како и за време на викендот ќе има повеќе облачност и ќе има повремени локални послаби врнежи претежно од снег.

Температурите наутро се уште ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните дневни во текот на следните денови ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени во најтоплите предели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 − two =