Славчо најавува сончево и студено време со мала локална облачност

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 5 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 1 степен.

Потоа и во следните денови времето ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен, а долж повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро ќе биде многу студено, и тоа особено утре кога минималните температури понекаде се очекува да се спуштат до околу -15 степени. Максималните пак ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат малку над 10 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + ten =