Славчо најавува сончево и студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Особено долж повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа до петок времето ќе се задржи сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури особено утре и во четврток ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени.

Нешто повеќе облачност ќе имаме за време на викендот кога поради јужното воздушно струење и температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one × 1 =