Славчо најавува сончево и релативно топло време со мала локална облачност

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа утре ќе се задржи претежно сончево, додека во петок облачноста полека ќе се зголемува, а за време на викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во недела. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени, додека од недела истите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради продор на постудена воздушна маса од север. Во недела исто така ќе дува и умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + 5 =