Славчо најавува сончево и релативно топло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Претпладнево локално, и тоа особено на запад и на север ќе има позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Претпладнево ќе има нешто повеќе облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Потоа до петок времето ќе се задржи сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Нова промена на времето, која ќе донесе локални врнежи од дожд, пад на температурите и умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правец ќе имаме за време на викендот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 2 =