Славчо најавува сончево и релативно топло време, од утре облачно и мал пад на температурите

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, температурата на воздухот пак ќе се искачи до околу 18 степени.

Утре во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемнува па за време на викендот ќе имаме променливо облачно време со услови за повремен локален слаб дожд, на планините ќе провејува слаб снег. Во сабота, особено долж повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите, особено во недела кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.

Променливото време со повремен локален дожд ќе се задржи и на почетокот од следната недела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 1 =