Славчо најавува сончево и потопло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец и истиот особено долж повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа под влијание на влажен воздушен бран, утре на повеќе места ќе има врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нова стабилизација на времето ќе има во петок и во сабота кога ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Нов влажен и постуден бран од северозапад се очекува во недела, кога ќе дува и умерен до засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × 1 =