Славчо најавува сончево и потопло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло за разлика од изминатите денови. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Потоа до самиот крај на оваа недела времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево, за време на викендот со појава на мала до умерена локална облачност. До петок и тоа особено долж повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат се повисоки и во следните денови максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eight − 6 =