Славчо најавува сончево и потопло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО. Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите и тоа поради продор на топла воздушна маса од југ, истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и во следните денови тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

four × one =