Славчо најавува сончево и потопло време со локална облачност

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа утре и во среда времето ќе се задржи сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен и од југозападен правец, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени. Наутро сеуште ќе биде СТУДЕНО и тоа особено утре кога минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени. Во четврток ќе има повеќе облачност и ќе има појава на локален дожд и снег на планините.

Продор на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух од север ќе има во петок, како и за време на викендот кога услови за локални послаби врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, а температурите повторно ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО НИСКИ за овој период од годината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 − 3 =