Славчо најавува сончево и потопло време, температурите до 7 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Од попладневните часови облачноста од запад полека ќе се зголемува и во крајните западни планински предели ќе има услови за слабо провејување на снег. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 0 до 7 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека од доцните попладневни часови облачноста ќе започне да се зголемува. Температурата ќе се искачи до околу 3 степени.

Потоа во следните денови следува период на променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд и снег на планините. Врнежите најпрвин ќе ги има во западните предели и истите за време на викендот ќе се прошират насекаде и ќе бидат поинтензивни.

Ќе дува слаб до умерен, а за време на викендот повремено засилен ветер од јужен правец што ќе услови за забрзано топење на снегот.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 5 =