Славчо најавува сончево и потопло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО за разлика од вчерашниот ден со мала со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Потоа во следните денови во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните и тоа особено во планинските региони ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eight + 17 =