Славчо најавува сончево и натпросечно топло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Повеќе облачност ќе има во западните предели, каде ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа утре и тоа под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Поради заладувањето врнежите од дожд на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег, а сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец. Температурите утре ќе бидат значително пониски за разлика од денешните и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Потоа од среда следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време, но ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе останат пониски и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, додека наутро истите на некои места ќе се спуштаат и под нулата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

4 + seven =