Славчо најавува сончево и натпросечно топло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа утре времето ќе се задржи претежно сончево, додека зголемување на облачноста ќе има за време на викендот кога ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, и тоа особено во текот на ноќта сабота кон недела. Во сабота повторно ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, додека мало опаѓање на истите ќе има од недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fourteen + sixteen =