Славчо најавува сончево и натпросечно топло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

За време на новогодишната ноќ пак времето ќе биде ведро и не многу студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат во интервалот од 0 до 6 степени.

Потоа во првите неколку денови од новата 2022 година времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + two =