Славчо најавува сончево и натпросечно топло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Претпладнево по одделни котлини ќе има појава на магла и на значителна ниска облачност, додека во текот на денот ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Во Скопје претпладнево ќе има појава на значителна ниска облачност, додека во текот на денот времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 20 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Утре ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО високи за овој период од годината, и тоа поради јужното воздушно струење, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, додека за време на викендот понекаде истите ќе се искачат дури до 25 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + 9 =