Славчо најавува сончево и многу топло време, од утре пад на температурите

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од западен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 38 степени.

Потоа од утре под влијание на посвежа воздушна маса од север ќе има намалување на температурите, а ќе дува и умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Повремено ќе има нешто повеќе облачност а ќе има и услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − eleven =