Славчо најавува сончево и многу топло време – од петок пад на температурите

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе сеискачи до околу 40 степени.

Потоа и утре ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Од петок под влијание на посвежа воздушна маса ќе има намалување на температурите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Ќе дува и умерен ветер од северен правец кој долж повадарието повремено ќе засилува, а ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 12 =