Славчо најавува сончево и многу топло време со температури до 38 степени

image

You must need to login..!

Опис

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 36 степени.

Потоа и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат и до 40 степени.

Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × one =