Славчо Попоски: Викендов сончево и многу студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаби локални врнежи од снег, особено во јужните предели.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени во најтоплите предели од државава. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, додека во вечерните и ноќните часови ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 2 степени.

За време на викендов и на почетокот од следната недела ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Само утре ќе има нешто повеќе облачност и услови за провејување на слаб локален снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Ќе биде и многу студено со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -9 до 3 степени, додека наутро истите на некои места ќе се спуштат и до околу -15 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three + four =