Славчо најавува сончево и многу студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност. Особено долж повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 3 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и СТУДЕНО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 0 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Особено долж повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро и понатаму ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × 2 =