Славчо најавува сончево и ветровито време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец и истиот на некои места ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите предели од државава.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа утре времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Веќе во сабота и тоа особено кон крајот на денот и навечер облачноста ќе се зголемува и под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе продолжат и во недела и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и особено на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува.

За време на викендот ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец. Температурите повторно ќе бележат тенденција на значително опаѓање и тоа особено од недела, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

1 × five =