Славчо најавува сончево време – температурите над просекот

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во државава ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. По одделни котлини особено во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

Во Скопје ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во претпладневните и повторно во ноќните часови. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа до крајот на оваа недела времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во претпладневните и повторно во ноќните часови. Температурите на воздухот ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, додека во местата со магла ќе останат пониски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + seventeen =