Славчо најавува сончево време – температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Особено долж повардарието ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа од утре попладне и навечер па натаму следува период на променливо облачно време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Повремено и локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Што се однесува до температурите, минималните на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека максималните во текот на утрешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени, додека значителен пад на истите ќе има за време на викендот, кога ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 7 степени и истите ќе бидат под повеќе годишниот просек за месец Март.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

8 + 11 =