Славчо најавува сончево време со умерена облачност

image

You must need to login..!

Опис

Сончево со умерена облачност. Повеќе облачност ќе се задржи во јужните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж повардарието повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи сончево со мала, повремено и локално и позначителна облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштат до околу 0 степени, додека понекаде, и тоа особено на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат до околу -3 степени, со што локално е можна појава и на слаб мраз. Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + 12 =