Славчо најавува сончево време со умерена облачност – од утре затоплување

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 23 степени.

Од утре и тоа под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, се очекува поголемо затоплување на времето. Сепак во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen + twelve =