Славчо најавува сончево време со слаб ветер – температурите од 8 до 16 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и релативно тивко. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа утре во текот на денот полека облачноста ќе се зголемува и под влијание на нов влажен и студен бран кон крајот на денот и во текот на ноќта од запад и југозапад ќе започнуваат нови врнежи од дожд и снег на пониските и само снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе продолжат и во недела и особено на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголеми. Локални врнежи претежно од снег ќе има и во почетокот од следната недела. Сево ова ќе биде проследено и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие особено од недела ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

17 − two =