Славчо најавува сончево време со мала до умерена облачност

image

You must need to login..!

Опис

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 4 =