Славчо најавува сончево време со мала локална облачност

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и во западните предели ќе има повремени локални врнежи претежно од снег. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Кон крајот на денот и навечер ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локално проврнување на дожд и на снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.

Потоа утре и тоа особено претпладне во северните предели ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец и истиот повторно ќе услови пад на дневните температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени. Во недела и во понеделник ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Наутро температурите повторно ќе бидат ниски и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Нов влажен бран од запад се очекува во вторник и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и од снег.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × one =