Славчо најавува сончево време со мала облачност

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Потоа до самиот крај на оваа недела, под влијание на стабилна и сува воздушна маса времето ќе биде стабилно, сончево и релативно топло преку ден со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 19 степени. Сепак поради ведрото време, наутро ќе биде студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -3 степени, со што локално ќе има појава и на слаб мраз.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 4 =