Славчо најавува сончево време со мала облачност, од утре услови за локални врнежи од дожд

image

You must need to login..!

Опис

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се движат во интервалот од 9 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа од утре попладне следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од југоисточен правец. Температурите на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот претежно од 8 до 17 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + five =