Славчо најавува сончево време со доста ниски утрински температури

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 19 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Потоа до самиот крај на оваа недела времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, кој понекаде ќе се спуштат до -4 степени, со што локално и понатаму ќе има појава на мраз. Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени. Промена на времето и врнежи од дожд се очекуваат од почетокот на следната недела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven + 18 =