Славчо најавува сончево време, од утре дожд и снег на планините

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност и со умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Попладне ветерот на некои места ќе засилува на интензитет. Повеќе облачност ќе има во западните предели каде ќе има услови за слаб локален дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Потоа од утре, па за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините ќе има повремени врнежи од снег. Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека малку пониски температури ќе имаме за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × three =